Правила на користење
Фотографија го задржува правото да избрише фотографии од нашиот сервер доколку тие се нелегални, ги нарушуваат правилата, трошат голем бендвит, или поради било која друга причина која ја гледаме како разумна.
Овој сервис е бесплатен и не очекуваме да се користи за хостинг на слики за често посетувани сајтови.
Фотографиите кои трошат многу бендвит на дневно ниво ќе бидат избришани.
Не дозволуваме прикачување на фотографии со порнографска содржина и фотографии за кои вие немате авторски права за пренос и објавување.
Исто така не дозволуваме хостирање на фотографии кои содржат голотија или било каква еротска содржина.
Сите кои ќе прикачат вакви фотографии ќе бидат банирани од нашиот сајт.
Фотографија се оградува од авторските права на фотографиите хостирани на нашиот сајт. Сите фотографии се сопственост на нивните ценети автори.
Фотографија може да ги измени условите на користење во било кое време без претходна најава.